ТРАНСГЕНЕРАЦИСКА ТРАУМА И ЖИЛАВОСТ: „НЕМИСЛЕНОТО ЗНАЕНО – НЕИМЕНУВАНИОТ РАСКИН И ИСЦЕЛУВАЊЕ“
Сите форми на опресија, без оглед дали се работи за расизам, геноцид или за ексклузивитет на доминантната група во некој регион или држава, претставуваат системи што имаат влијание врз сите припадници во нивните рамки, влијаат пробивно, длабоко и често несвесно за доминантната група. Трансгенерациската траума е искуство на насилство врз родителите и е пренесено на следните генерации, колонизиран ум од неподносливо и непроцесирано психичко искуство без свесно знаење и интерес тоа да се процесира или да се трансформира. Во последните 20 години се интензивираа истражувањата на оваа тема, поставувајќи го прашањето: на кој начин ги разбираме варијациите на историската траума. Како им помагаме на луѓето да создадат жива врска со „Другиот“ со оглед на промените и поделбите што се сè уште живи во современата култура? И најважното прашање: на кој начин ја разбираме и ја олеснуваме врската со длабокото самочувство со цел сите да можат да живеат поавтентичен, поисполнет живот. Авторката објаснува што е тоа траума, како се манифестира трансгенерациската трансмисија, кои се причините и како се развива жилавоста. На крајот е посветено внимание на психологијата на македонскиот етнички идентитет, со посебен акцент на егејскиот егзодус и на раните од трансгенерациската траума кај оваа етничка група.
More...