FROM PLOT TO POLITICS: AESTHETICS AND POLITICS IN "THINKING ABOUT CHRISTA T." BY CHRISTA WOLF Cover Image

FROM PLOT TO POLITICS: AESTHETICS AND POLITICS IN "THINKING ABOUT CHRISTA T." BY CHRISTA WOLF
FROM PLOT TO POLITICS: AESTHETICS AND POLITICS IN "THINKING ABOUT CHRISTA T." BY CHRISTA WOLF

Author(s): Senka Anastasova
Subject(s): Literary Texts, Drama
Published by: Институт за македонска литература
Keywords: факт; стварност; фикција; мемориска вистинa

Summary/Abstract: Есејот се занимава со естетичките аспекти на процесот на пишување и отворање на уметничкиот текст кон политичкиот и културолошкиот контекст, во субверзивната автобиографска новела "Размислување за Криста Т." од германската авторка Криста Волф. Во овој текст расправам за врските помеѓу процесот на нарација (наратологијата како наука за раскажувачкиот текст) и политичката теорија која се занимава со политичката одлука: што е она што вистински се случило (фактот) и што е она што е фикција. Низ подвоеноста во идентитетот на Криста Волф (авторката) и Криста Т. (мртвата фикционална жена, карактерот) ги отворам прашањата: што е стварност, фикција, мемориски практики, идеологија и пишување, дијалектички отпор кон идеолошка матрица и унифицираното пишување, реконструкција на стварноста и фактографијата наспроти фикционални тропи. Овој есеј има за цел да го покаже процесот на естетичка продукција и конфигурација на уметнички текст низ теорија на рецепција и контекст на интерпретација. Наратолошката автобиографска трансформација на авторката, од раскажување во прво лице еднина до раскажување во трето лице женски род (таа) – ја покажува еманципацијата на мислата и процесот на ослободување на фикцијата од самодоволноста на наратолошкиот контекст и отворање на пишувањето кон културолошко-политичката стварност (во 1945 г.). Укажувам на хипотезата дека ако естетичкиот акт во уметничкиот текст е идеолошки, истовремено тој акт не смее да се затвори во сопствената (марксистичка) идеологија, туку единствено може да постои во пукнатинките на идеолошкиот отпор, во политичката одлука како чин на отпор низ уметност, како основа за создавање нови политичко-идеолошки почетоци низ уметнички парадигми на пишување. Покажувам дека критичкиот пристап на дистанцирање на авторката (уметничката) од самата себе емпириската личност) е единствено можен прогресивен естетичко-политички акт на творење, епистемологија и толкување помеѓу минатото, сегашноста и иднината.

  • Issue Year: 2022
  • Issue No: 25
  • Page Range: 17-31
  • Page Count: 15
  • Language: English
Toggle Accessibility Mode