СТАНБЕНАТА ПОЛИТИКА И ДОМУВАЊЕТО ВО СОЦИЈАЛИСТИЧКА МАКЕДОНИЈА
HOUSING POLICY AND HOUSING IN SOCIALIST MACEDONIA
Author(s): Biljana MilanovskaSubject(s): Politics / Political Sciences, Politics, Government/Political systems
Published by: Институт за етнологија и антропологија, Универзиетет »Св. Кирил и Методиј«
Keywords: дом; стан; домување; социјализам; самоуправување
Summary/Abstract: Поседувањето дом како простор (стан или куќа) е неприкосновено право на секоја индивидуа. Домот е центар на светот за секој оној што го поседува, и неговото отсуство предизвикува низа реперкусии во општествениот и социјалниот живот. Домувањето е битен контекст во политичкиот, економскиот и социјалниот живот и зависи од неговите услови. Регулирано и средено домување, како дел од социјалната и просторната политика, е сведок за функционална и развиена земја, a истовремено придонесува за социјална кохезија, зачуван интегритет и благосостојба на секоја индивидуа. Во времето на Југославија, идеолошката обоеност налагала еднаквост при поседување и доделување на стан; декларирајќи го како лична инвестиција и општествено добро, државата имала императив да го обезбеди поединецот со ова добро или да создаде соодветни услови, адаптирани на постоечкиот стандард, тој самиот да го стекне без многу непријатности. Самоуправувањето и здружениот труд воведуваат олеснителни околности за стекнување станбено право, но и низа нерегуларности и недоследности во неговото решавање.
Journal: EthnoAnthropoZoom / ЕтноАнтропоЗум
- Issue Year: 2020
- Issue No: 20
- Page Range: 242-268
- Page Count: 14
- Language: Macedonian