АВТОРСКИ ПАТРИОТИЗАМ НА БАЛКАНОТ
AUTHORS’ PATRIOTISM ON THE BALKANS
Author(s): Ana Ashtalkovska GajtanoskaSubject(s): History, Anthropology, Social Sciences, Cultural Anthropology / Ethnology
Published by: Институт за етнологија и антропологија, Универзиетет »Св. Кирил и Методиј«
Keywords: општествени и хуманистички дисциплини; патриоти; етнологија; историја
Summary/Abstract: Концептот според којшто научниците од одредени и за тоа погодни општествени и хуманистички дисциплини имаат должност да работат во корист на негување, зајакнување и величање на националниот идентитет на сопствениот народ е ризичен по многу оснoви. Иако се забележуваат позитивни промени кај новите генерации во однос на ова прашање, сепак може да се констатира дека во поширокиот јавен дискурс сè уште владее романтичарската идеја дека, на пример, етнологот и историчарот треба да бидат патриоти. Позицијата на „професионалните патриоти“ е разгледана и од теориско-методолошки аспект, а воедно е илустрирана преку примери од македонската етнологија и нејзиниот однос кон „историските вистини“ во современ контекст. Неопходни се итни реформи во парадигмите за да може хуманистичките дисциплини да преминат од дезинтегрирачки во интегрирачки фактор на балканскиот културен дијалог.
Journal: EthnoAnthropoZoom / ЕтноАнтропоЗум
- Issue Year: 2021
- Issue No: 21
- Page Range: 10-37
- Page Count: 10
- Language: Macedonian