MACEDONIAN NORTH BORDER – POLITICS AND REFLECTIONS. ON THE MEMORIAL CENTER OF ANTI-FASCIST ASSEMBLY FOR THE PEOPLE’S LIBERATION OF MACEDONIA (AAPLM) IN PELINCE, THAT MARKS MACEDONIAN RECENT PAST Cover Image

МAКЕДОНСКАТА СЕВЕРНА ГРАНИЦА - ПОЛИТИКИ И РЕФЛЕКСИИ ЗА МЕМОРИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР НА АСНОМ ВО ПЕЛИНЦЕ СО КОЈ СЕ ОДБЕЛЕЖУВА МАКЕДОНСКОТО ПОБЛИСКО МИНАТО
MACEDONIAN NORTH BORDER – POLITICS AND REFLECTIONS. ON THE MEMORIAL CENTER OF ANTI-FASCIST ASSEMBLY FOR THE PEOPLE’S LIBERATION OF MACEDONIA (AAPLM) IN PELINCE, THAT MARKS MACEDONIAN RECENT PAST

Author(s): Ljupčo Risteski
Subject(s): Politics / Political Sciences, Politics, History, Military history, Special Historiographies:, Fascism, Nazism and WW II, Politics and Identity
Published by: Институт за етнологија и антропологија, Универзиетет »Св. Кирил и Методиј«
Keywords: Меморијален центар посветен на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ); македонски национален идентитет; 2 август 1944 г.; македонска држава; Македонија

Summary/Abstract: По прогласувањето на независноста на Република Македонија, во низата проблематизирања на македонскиот национален идентитет, на македонската држава и на Македонците, како одвнатре така и од страна на соседните држави и народи, се најде и опструирањето на непреченото одбележување на годишнините од одржувањето на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) во манастирот Св. Прохор Пчињски откако тој, и официјално, по воспоставувањето на меѓународната граница помеѓу Македонија и другиот дел од Југославија, во почетокот на 90-тите години, остана во делот на Србија. Како резултат на тоа, во Македонија започна сè поотворено да се размислува за изнаоѓање алтернативи за одбележувањето на годишнините од АСНОМ. Така, во 2004 г. започна реализирањето на изградбата на Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, локација оддалечена од српско-македонската граница само неколку километри и неколку десетини километри од манастирот Св. отец Прохор Пчињски. Сепак, изградбата на овој центар, наместо да го затвори ова проблематично прашање, се чини дека во македонската јавност отвори нови дебати, толкувања, интерпретирања на македонската национална историја и идентитет.

  • Issue Year: 2021
  • Issue No: 21
  • Page Range: 86-112
  • Page Count: 14
  • Language: Macedonian
Toggle Accessibility Mode