THE DEPICTION OF ROMA IN THE MACEDONIAN ETHNOLOGICAL AND ANTHROPOLOGICAL LITERATURE Cover Image

ПРЕТСТАВАТА ЗА РОМИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ЕТНОЛОШКА И АНТРОПОЛОШКА ЛИТЕРАТУРА
THE DEPICTION OF ROMA IN THE MACEDONIAN ETHNOLOGICAL AND ANTHROPOLOGICAL LITERATURE

Author(s): Ines Crvenkovska-Risteska
Subject(s): Anthropology, Social Sciences, Language and Literature Studies, Studies of Literature, Macedonian Literature, Cultural Anthropology / Ethnology
Published by: Институт за етнологија и антропологија, Универзиетет »Св. Кирил и Методиј«
Keywords: Роми; етнологија; антропологија; етнолошко-антрополошка литература; балканска „другост“

Summary/Abstract: Релативно е мал бројот етнолошки текстови што се занимаваат со теми поврзани со Ромите на Балканот и во Македонија. Во овој текст, идејата е да се види како се зголeмувал интересот за Ромите и како потоа се градела претставата за Ромите во југословенската, а од југословенската се пренесла сликата во македонската етнолошка и антрополошка литература. За таа цел, во анализата се користени етнографски текстови и зборници посветени на Ромите во периодот на СФР Југославија во 70-тите, 80-тите, 90-тите години, како и текстови за Ромите објавени во Р Македонија од нејзината независност во 1991 г. до денес. Во дел од овие текстови може да се забележи како етнолозите и антрополозите во своите истражувања ја градат претставата за Ромите во неколку насоки. На самиот почеток во југословенската, а потоа со преземање на истиот модел и во македонската етнологија и антропологија се потенцира важноста да се истражува за Ромите како важна југословенска националност, а од друга страна се гради претстава за Ромите и ромската заедница како југословенска „другост“ со препорака дека би требало да биде истражувана од етнолози што ќе произлезат од заедницата на Ромите. Како резултат на мотивацијата на југословенско ниво да се ангажираат и Роми етнолози, најголем дел од македонските истражувачи што почнале да се занимаваат со ромската заедница се Роми едуцирани во југословенскиот период. По распаѓањето на СФР Југославија и концептот за југословенската националност составена од братските народи и народности, во рамките на балканските национални програми продолжува да егзистира концептот за ромската „другост“ преку концептот народна традиција кај Ромите. Овој концепт на ромската „другост“ од југословенската етнологија продолжил да се провлекува во текстовите кај Ромите истражувачи во современата македонска етнолошка литература.

  • Issue Year: 2021
  • Issue No: 21
  • Page Range: 132-154
  • Page Count: 12
  • Language: Macedonian
Toggle Accessibility Mode