GEZI PARK AS SPONTANEOUS DEVELOPMENT: RE-IMAGINING THE TURKISH PUBLIC Cover Image

ГЕЗИ ПАРК КАКО ВИД НА СПОНТАН РАЗВОЈ: ПРЕОСМИСЛУВАЊЕ НА ЈАВЕН ПРОСТОР ВО ТУРЦИЈА
GEZI PARK AS SPONTANEOUS DEVELOPMENT: RE-IMAGINING THE TURKISH PUBLIC

Author(s): Eda Starova Tahir
Subject(s): Social Sciences, Sociology, Social Theory
Published by: Институт за етнологија и антропологија, Универзиетет »Св. Кирил и Методиј«
Keywords: движење „гези парк“; Турција; спонтан развоj; јавен простор

Summary/Abstract: Тематиката на овој текст е движењето „гези парк“, кое се случи во летото 2013 г. во Турција. Започнувајќи во форма на мирни протести со цел да се прекине уривањето на Гези парк за потребите на проектот за претворање на Таксим во пешачка зона, набргу движењето стана едно од најголемите социјални движења во турската историја. Жители од сите возрасти, класи и општествени групи се соединија за поддршка откако владините обиди да се задуши протестот со употреба на брутална полициска сила предизвикаа многубројни критики. Покрај тоа што движењето не доведе до драстична политичка промена, сепак остави трага врз турската јавност, особено поради огромната солидарност и општествена кохезија од страна на учесниците. Според тоа, може да се каже дека движењето гези парк претставува еден вид „спонтан развој“, неформален процес низ кој жителите на Турција ја преосмислија турската јавност и можностите за форми на живот во државата. Од огромна важност во овој процес е долгорочната поделба во турската јавност помеѓу секуларните, кемалистичките „модернисти“ и исламските, наречени уште и ердогански „конзервативци“. Може да се каже дека во контекст на репресивната и стишувачка држава, како во минатото така и во сегашноста, жителите на Турција создадоа заедница Гези како директна опозиција, во која општествените хиерархии беа тргнати, а слободата на изразување беше издигната како една од највисоките вредности. Неформалниот начин на организација и одржување на општествената стабилност може да се гледа низ призмата на „неформален развој“, кој директно влијае врз замислите и дејствијата на луѓето, како и на потенцијален извор на знаење за развојот како дел од формалниот сектор. Во оваа смисла, може да се употреби пристапот „развој како слобода“ на Амартија Сен за да се објасни како слободата на изразување имаше клучна улога во конструкциите на овие замисли. На крајот, етнографските истражувања и антрополошките студии можат да бидат корисни во применувањето на знаења од неформалниот сектор во формални развојни стратегии.

  • Issue Year: 2022
  • Issue No: 22
  • Page Range: 10-56
  • Page Count: 24
  • Language: Macedonian
Toggle Accessibility Mode