THE CONTROVERSIES OF SLAVIC INTERCULTURAL COMMUNITY IN THE PAST AND IN THE PRESENT Cover Image

Контроверзите на словенското интеркултурно заедништво во минатото и во сегашноста
THE CONTROVERSIES OF SLAVIC INTERCULTURAL COMMUNITY IN THE PAST AND IN THE PRESENT

Author(s): Sonja Stojmenska-Elzeser, Maja Jakimovska-Tošić
Subject(s): Cultural history, Macedonian Literature
Published by: Институт за македонска литература
Keywords: Slavic intercultural community; Macedonian culture; cultural marginalization; Ss. Cyril and Methodius; European cultural memory

Summary/Abstract: Балканскиот ареал е модел на интеркултурен компендиум во кој е зачувана европската меморија и кој и денес учествува во современите европски културни текови. Посебен сегмент претставува словенскиот сплет на култури кој функционира како едно интеркултурно заедништво (теоретски термин на словачкиот компаратист Диониз Ѓуришин) и има неодминлива важност во градењето на европската културна матрица. Словенското заедништво е променливо и динамично, а позицијата на македонската култура во негови рамки како балканска и словенска е комплексна, некогаш потенцирана, но некогаш благо потиснувана или дури игнорирана. Компаративниот пристап има посебно значење во толкувањето на словенското интеркултурно заедништво, кое во себе крие контрадикторности поради силните заемни врски, кои во исто време се ранливи под влијание на дневно-политичките притисоци. Затоа потсетуваме на мисијата на словенските просветители Кирил и Методиј од 9. век, која има огромно културно значење. Потоа, на византиската уметност, специфичната словенска пишана средновековна традиција, богомилското движење како рана антиципација на европската реформација и на фолклорот преработуван и популаризиран во времето на романтизмот. Ако го погледнеме делото на св. Кирил и Методиј од денешна перспектива, може да заклучиме дека нивните ставови, идеи и постигнувањето на целите со дипломатски средства, валидни повеќе од 1.100 години, во својата базична форма можат да ја претставуваат експанзијата и заедничката перцепција на вредностите и цивилизациските достигнувања на денешните европски нации.

  • Issue Year: 2023
  • Issue No: 28
  • Page Range: 21-30
  • Page Count: 10
  • Language: English
Toggle Accessibility Mode