THE DEATH’S WAITING ROOM IS BRIGHT AND BEAUTIFUL (Ageing and Ageism in Invisible Women and Other Stories by Slavenka Drakulic and Double Glazing by Halldora Thoroddsen) Cover Image

Чркалницата на смртта е светла и убава (Стареењето и ејџизмот во Невидлива жена и други раскази од Славенка Дракулиќ и Двојното стакло од Халдора Тородсен)
THE DEATH’S WAITING ROOM IS BRIGHT AND BEAUTIFUL (Ageing and Ageism in Invisible Women and Other Stories by Slavenka Drakulic and Double Glazing by Halldora Thoroddsen)

Author(s): Ana Martinoska
Subject(s): Gender Studies, Novel
Published by: Институт за македонска литература
Keywords: ageing; ageism; literature; Drakulic; Thorodssen; feminist studies

Summary/Abstract: Ако феминистичката борба во претходната деценија нè доведе до зголемена видливост на женските авторки, до поголем број автентични женски ликови во литературата, заедно со еднаквиот третман во издавањето и рецепцијата на женската литература, сега треба повеќе да се фокусираме на различноста на женските искуства застапени во книжевните дела. Европската литература станува сè породово инклузивна и отворена за сите нијанси на родовата различност, вклучувајќи ги сите групи или поединци кои не се ограничуваат на стереотипните родови улоги и патријархални очекувања. Оттука, трудот се осврнува на темите на стареењето и ејџизмот како недоволно истражувани подрачја, неправедно занемарувани од феминистичките студии, но исто така дава и кус приказ на обидите тоа да се промени во рамки на интердисциплинарни проучувања на наративната геронтологија и ејџинг студиите. Фокусот на трудот е на две дела од две извонредни авторки од постарата генерација, хрватската писателка Славенка Дракулиќ и нејзината збирка раскази Невидлива жена и други раскази и исландската писателка Халдора Тородсен и нејзиниот роман Двојното стакло. Заедничко им е тоа што смело се занимаваат со табу-темата на стареењето. Трудот се обидува да ги лоцира сите нивоа на кои се обработува оваа тема, почнувајќи од прашањата за телото, губењето на меморијата и свесноста за минливоста на времето, преку прашањата за изолацијата, осаменоста и приспособувањето кон модерното време, но и потребата од независност, среќа и иднина. Во својата артикулација на стареењето, овие две авторки се занимаваат со психолошкиот, емоционалниот, економскиот и социјалниот контекст на овој процес. Згора на тоа, тие го проблематизираат општествениот однос кон старите луѓе во денешната култура, ограничувањата со кои се соочуваат, нивниот статус и благосостојба. Веруваме дека ваквите литературни дела можат да ја зголемат видливоста на оваа чувствителна тема во јавниот дискурс и да иницираат некои промени за да се преиспита значењето на стареењето, да се одговори на потребите на постарите и да се подобри нивната социјална вклученост, што е неопходно во либералните земји како Исланд и Шведска, но уште повеќе во поконзервативните делови на Европа.

  • Issue Year: 2023
  • Issue No: 28
  • Page Range: 63-71
  • Page Count: 9
  • Language: English