Поетика на тесниот простор
Poetics of Narrow Space
Author(s): Katica KulavkovaSubject(s): Literary Texts
Published by: Блесок
Summary/Abstract: Книжевниот вид чија елиптичност/shortness се издига на рамниште на есенцијална генеричка и онтолошка вредност, не може а да не предизвика извесен зазор од дефинирање. Расказот е токму таков книжевен вид, пред чиешто дефинирање нè обзема неопишлива анксиозност. Во мигот кога ќе помислиме дека сме го пронашле моделот на концептуализација на расказот и дека сме ја формализирале неговата расказност/storyness/narrativité, ете го како ни’ се измолкнува со сиот повеќевековен багаж, оставајќи нè на цедило, изневерени! Оваа флуидна книжевна сорта, ова чудо од дискурс, оваа трикратна перфекција од донжуановски ерос, томина скепса и јудина превртливост/дволичност! Екстатичен рез во хаосот, миг на откровение, лектира forte, протејски адаптибилна во простор и време, од еден до друг медиум, на плажа, во метро, при успивање, лектира за фасцинирање, за меморирање, за пре-раскажување и ин- сценирање... Прашањето колку расказот е „кратка литерарна прозна фикција“? (Allan H. Pasco, 1994, 118) е вообичаено прашање кое доведува до многу невообичаени одговори-во-одговорот.
Journal: Блесок - литература и други уметности
- Issue Year: 2000
- Issue No: 12
- Page Count: 8
- Language: Macedonian