СОЦИЈАЛНИТЕ ПОЛИТИКИ И КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ: СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ НА НЕГУВАТЕЛ/КИ ЗА МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА ВО АЛБАНИЈА
A SOCIAL POLICY APPROACH TO QUALITY OF LIFE: THE CASE OF CANCER CAREGIVERS IN ALBANIA
Author(s): Veronika Duci, Elona DhëmboSubject(s): Politics / Political Sciences
Published by: Центар за регионални истражувања и соработка Студиорум
Summary/Abstract: Едно од човековите права е и правото на квалитетен живот. Копенхашките критериуми предвидуваат социјални политики за еднаквост, здравје и антидискриминација на работното место. Целта на оваа студија е да утврди како давањето на негата влијае врз квалитетот на животот на давателите на нега, нивниот работен статус и месечните семејни примања. Токму затоа беше спроведено квантитативно истражување во кое учествуваа n = 377 испитаници. Користена е Фланагановата скала за мерење на квалитетот на животот (1982 година), како и прашања што бараат описен одговор, поврзани со семејните приходи, бројот на часови поминати во давање нега и работниот статус. Резултатите од оваа студија се во корелација со други истражувања направени на ова поле. Мнозинството испитаници го оценуваат квалитетот на животот како низок или среден (79%), само 37,4% од сите испитаници се вработени, а половината од нив имаат ниски месечни примања во семејството. Во албанскиот контекст постои можност за воведување пензиски фонд и кредити за давателите на нега, согласно најдобрите европски практики.
Journal: ЕВРОДИЈАЛОГ Списание за европски прашања
- Issue Year: 2013
- Issue No: 18
- Page Range: 98-102
- Page Count: 14
- Language: Macedonian