ПРИСТАПУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА КОН КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП
EUROPEAN UNION’S ACCESSION TO THE CONVENTION ON THE RIGHTS OF PERSONS WITH DISABILITIES
Author(s): Zaneta PoposkaSubject(s): Law, Constitution, Jurisprudence
Published by: Центар за регионални истражувања и соработка Студиорум
Keywords: /
Summary/Abstract: Овој труд го разгледува процесот на пристапувањето на ЕУ кон Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп на Организацијата на обединетите нации, прва меѓународна конвенција за правата на човекот на која ЕУ и пристапила. Дополнително се анализираат прашања како што се: каде се наоѓа Конвенцијата во правниот систем на ЕУ, повеќекратна правна основа за пристапување на Унијата кон Конвенцијата, како и поделените договорни односи помеѓу ЕУ и нејзините држави-членки со цел спроведување на одредбите на истата. За крај, се анализира прашањето на ефикасното спроведување на Конвенцијата од страна на Унијата од аспект на заштита од дискриминација врз основа на хендикеп. Во таа насока, посебно место се отстапува на анализирањето на членовите од Конвенцијата кои директно ја засегаат заштитата од дискриминација врз основа на хендикеп како што се членовите 4 (општи обврски), 5 (еднаквост и не-дискриминација), 9 (пристапност), 24 (образование), 27 (работа и вработување) и 33 (национално спроведување и набљудување).
Journal: ЕВРОДИЈАЛОГ Списание за европски прашања
- Issue Year: 2013
- Issue No: 18
- Page Range: 27-46
- Page Count: 20
- Language: Macedonian