The Painter Lazar Lichenoski Cover Image

Сликарот Лазар Личеноски
The Painter Lazar Lichenoski

Author(s): Viktorija Vaseva Dimeska
Subject(s): Fine Arts / Performing Arts
Published by: Блесок

Summary/Abstract: Лазар Личеноски е роден во месец март (28.03.1901) „на гола земја, крај огниште, во пепел, на сламена рогозина. Сум растел на гол камен и на селско буниште што се наоѓаше на десетина метри од нашата куќа.“ Татко му Филип, потекнува од угледно градителско семејство каде што, покрај зографството и резбарството, третиот галички занает - неимарството, се пренесувал од татко на син на цели поколенија кои изградиле голем број цркви од што еден дел и во Романија, како Матеј - Моте Велов Личеноски, кој што „го конструирал, по обем, најголемото црковно кубе“. Кога мајка му Магда „... се слизнала на мраз, смртно се повредила и умрела млада на дваесет и две години...“, Лазара и сестра му Стојана ги одгледала и воспитувала „со молитви и ќотек“, строга и правична стрина Роса. Градежничката работа го однесе Филипа во Призренско, а Лазар остана во Галичник, да го живее аргачкиот живот и со своите мали, од работа измачени детски раце, да ги служи чобаните и да прави сè што ќе му кажат, за да „... не го јаде лебот бадијала.“ Тој примитивен аргачки живот, ништо потежок од домашниот, барем му ја топлеше душата со „таа елементарна планинска тишина, бескрајни панорами од врвовите на Бистра, преку подножјата на Крчин и Стогово, преку цела Албанија, прекрасни преливи и хармонии на сини и виолетови бои што се губат во мекото сивило на јадранската пучина“, од каде што се роди желбата да ја овековечи на платно оваа бескрајна љубов кон планинскиот пејзаж.

  • Issue Year: 2000
  • Issue No: 14
  • Page Count: 3
  • Language: Macedonian
Toggle Accessibility Mode