Дионизискиот феномен и метаморфозите во македонската народна литература
The Dionysus Phenomenon and the Metamorphoses in Macedonian Oral Literature
Author(s): Lenka TatarovskaSubject(s): Literary Texts
Published by: Блесок
Summary/Abstract: Дионизискиот култ кај Елините доаѓа од Тракија и Македонија,1 а според некои мислења се смета дека има малоазиско потекло2. Митот за распарчувањето на детето Дионис – Загреј, познат е, пред сè, благодарение на христијанските автори.3 По заповед на Хера, новородениот Зевсов син е растргнат од страна на Титани, а таму каде што на земја паднала неговата крв, веднаш изникнало дрво. Распарченото тело титаните го ставиле во лонец и го свариле. Меѓутоа, божицата Реа повторно го составила и го повратила во живот. Подоцна, по наредба на таткото Зевс, од страна на Хермес, Дионис е претворен, час во јаре, час во овен и даден е на чување кај нимфите, во една пештера на ридот Нис. Епикуреецот Филодем, Цицеронов современик, зборува за три Дионисови раѓања и тоа: првото од мајка, второто од бедрената коска на Зевс, слично на Хетитскиот бог на ветровите, роден од Кумабаја – каде е исклучено секакво постоење на мајка. Ова обредно раѓање само од машки пол е позната обредна церемонија, позајмена од Хетитите (Книга за Рут III, 9).4 Третото раѓање на Дионис е кога неговата баба – божицата Реа, го спасува срцето на растргнатото дете и ги составува распарчените делови. Во овој „злочин на титаните“ се препознава старото сценарио преку кое на детето му е дадена божествена бесмртност. Тоа е и најдраматичната епизода на митот каде, освен парчење, е применето и варење. Ова преминување на човечкото тело низ оган и негова метаморфоза, претставува иницијациски обред, со кој се постигнува бесмртност. Самото кинење, печење или преминување низ оган, е карактеристичен процес и за шаманските иницијации.
Journal: Блесок - литература и други уметности
- Issue Year: 1999
- Issue No: 10-11
- Page Count: 10
- Language: Macedonian