НИКОЈ НЕ САКА ДА БИДЕ ЦРНО ПИЛЕ. ЕТНОГРАФИЈА НА НЕЖЕНЕТИТЕ ВО ПОРЕЧЕ
NOBODY WANTS TO BE THE BLACK SHEEP. ETHNOGRAPHY OF UNMARRIED OF PORECHE
Author(s): Meri Marija TodorovskaSubject(s): Anthropology
Published by: Институт за етнологија и антропологија, Универзиетет »Св. Кирил и Методиј«
Keywords: стари ергени; жена; Порече.
Summary/Abstract: Миграцијата село–град, која ја има зафатено Македонија уште пред ше- есетина години, придонесува македонските села да бидат раселени. Некои од нив едвај живуркаат со по неколку стари жители, по чија смрт ги чека судбината на мно- гу села што одамна се напуштени. Индустријализацијата што се одвиваше по Вто- рата светска војна поттикна многу од жителите на селата да одат на работа во фа- бриките што се отвораа, во потрага по полесен и подобар живот. За сметка на тоа, на македонското село не се обрнувало внимание во поглед на подобрување на усло- вите за живот, па така обратен процес на миграција, односно град–село никогаш не се ни случил. Вака стојат работите и во Порече, крај во кој не само што нема подоб- рување на условите за живот туку, исто така, нема ни добра поврзаност со урбаните центри, па така на почетокот на дваесет и првиот век овој крај се чини дека е при- лично изолиран од светот. Младите луѓе не сакаат да живеат во вакви услови. За- ради своето школување одат во поголемите места, па гледајќи го начинот на живот што се одвива таму, повеќе немаат желба да се вратат во селата. Полесен начин за останување во градот имаат девојките, кои се мажат многу рано, оставајќи по села- та момчиња што немаат за кого да се оженат. Поради тешките услови за живот, мом- чињата се во ситуација да не можат да донесат жена што би прифатила да се омажи за нив, ниту пак се во состојба да ги напуштат селата и да отидат да живеат во гра- дот поради своите ограничени материјални можности. Во ваква незавидна полож- ба, тие излезот го бараат во седењето пред селската продавница, каде што повеќето од нив се речиси постојано со шише пиво в рака.
Journal: EthnoAnthropoZoom / ЕтноАнтропоЗум
- Issue Year: 2015
- Issue No: 13
- Page Range: 206-220
- Page Count: 8