The Incest – One of the Inclinations that the World Hasn't Finished Dreaming Yet Cover Image

Инцестот - една од недосонуваните склоности на светот
The Incest – One of the Inclinations that the World Hasn't Finished Dreaming Yet

Author(s): Angelina Banović-Markovska
Subject(s): Literary Texts
Published by: Блесок
Keywords: УМЕТНИЧКИ РЕФЛЕКСИИ НА АДЕЛФИЧКИОТ МИТ ВО ЕВРОПСКИОТ И БАЛКАНСКИОТ ЛИТЕРАТУРЕН КОНТЕКСТ

Summary/Abstract: Кога се во прашање тајните и табуите кои - без оглед на временските дистанции - постојано нè вџашуваат, обземени од дијалогот со самите себеси и со светот се прашуваме дали толкувањето на митовите - траги оставени во времето - не престанале да биде предизвик за нас самите? Темата на која и’ го посветувам овој дискурс, веројатно, ќе побуди контроверзни размислувања. Без сомнение, зашто од сите облици на љубов во едно современо и цивилизирано општество, можеби единствено уште инцестуозната е таа која предизвикува зазорни чувства, па затоа не е чудно што многумина одбиваат да говорат за неа. Сфатена како една од најкарактеристичните категории на престап, таа лесно може да предизвика злоупотреба на авторитетот на говорникот, но кога станува збор за корпусот литературни дела што во рамките на светската и европската уметничка продукција го третираат токму овој феномен, мора да признаеме дека сме соочени со импозантни естетски остварувања. Доволно е само да се присетиме на асоцијациите што ги буди во нас големата античка трагедија за митот на Едип, или библискиот мит за Лот и неговите ќерки, па да ни стане јасно дека без оглед како во уметничката традиција бил применет овој екцентричен феномен, за многу авторски имиња тој прераснал во неодминлива литерарна инспирација. Еве што во оваа насока вели пасионираниот иследувач на митовите за љубовта, Дени де Ружмон: „Кога подобро ќе ги запознаеме митовите што нè искушуваат, кога ќе откриеме од каде доаѓа и каде нè води нивната логика, ќе бидеме, веројатно, подготвени на личен ризик, одговорно да ја прифатиме љубовта и да се свртиме кон самите себеси. Можеби ќе бидеме слободни да сториме и нешто повеќе од тоа“.

  • Issue Year: 1999
  • Issue No: 09
  • Page Count: 6
  • Language: Macedonian
Toggle Accessibility Mode