Царот на Птиците
The Czar of Birds
Author(s): Ferid MuhićSubject(s): Literary Texts
Published by: Блесок
Keywords: ОД КНИГАТА „ГОЛЕМАТА ГРАДБА И ДРУГИ РАЗГОВОРИ СО НЕПОЗНАТИОТ“; БЛЕСОК 2001
Summary/Abstract: Од планините Аладаг, во коишто, според јуручката легенда, бесмртни живеат љубовниците Халил и Џерен, сè таму до таинственото езеро Исик-Кул, во огромен распон покриен со остри сртови и осамени номадски шатори, се раскажува прикаска за Царот на Птиците. Господарот на сите што се дарувани со крилја, вели оваа омилена тема на разговори што се водат покрај логорски огнови, по највисоките планини на оваа планета, својот дворец го има на некој непознат врв, скриен во непрегледниот Океан од скаменети бранови. Всушност, врвовите се кубиња, кули, минариња, камбанерии, чардаци од џамии, цркви, пагоди, катедрали, светилишта и храмови, со кои земјата го слави небото - велат номадите, од она што ние, обични туристи и минувачи, површно и погрешно го подразбираме под „планини“.
Journal: Блесок - литература и други уметности
- Issue Year: 1999
- Issue No: 09
- Page Count: 2
- Language: Macedonian