МОЖЕ ЛИ ПРАВДАТА ДА СЕ ДИСТРИБУИРА? НЕРЕШЛИВА ДЕБАТА МЕЃУ ЛИБЕРТАРИЈАНИЗМОТ И ЕГАЛИТАРИЗМОТ ВО ОДНОС НА СОПСТВЕНИЧКИТЕ ПРАВА
CAN JUSTICE BE DISTRIBUTED? INSOLUBLE DEBATE BETWEEN LIBERTARIANISM AND EGALITARIANISM OVER PROPERTY RIGHTS
Author(s): Ivana StepanovićSubject(s): Social Sciences
Published by: Центар за регионални истражувања и соработка Студиорум
Keywords: право на сопственост; правда; дистрибутивна правда; либертаријанизам; егалитаризам
Summary/Abstract: Фундаменталната дебата за приватната сопственост, која им претходи на сите правни спорови, е во доменот на етиката и започнува со почетоците на западната филозофија. Клучното прашање поврзано со сопственоста е правдата. Различните мислења за приватната сопственост зависат од тоа што се смета за праведно. Иако според авторката постојат повеќе пристапи за овој проблем што може да се поделат на повеќе начини, трудот главно се фокусира на дихотомијата меѓу егалитаризмот и либертаријанизмот. Вториот пристап го оправдува правото на приватна сопственост со правото на слобода и се заснова на индивидуализмот и личниот интерес. Првиот пристап ја фаворизира еднаквоста за сметка на слободата и препорачува жртвување на приватната сопственост поради правда за сите. Трудот нуди аргументи дека ниту либертаријанизмот ниту егалитаризмот не гарантираат правда, туку дека неизбежно доведуваат до повреда на човековите права. Според авторката, и позитивната и негативната страна на правото на сопственост треба да бидат заштитени, а која аргументира дека решението можеби постои надвор од концептот на еднаквост.
Journal: ЕВРОДИЈАЛОГ Списание за европски прашања
- Issue Year: 2012
- Issue No: 17
- Page Range: 111-131
- Page Count: 21
- Language: Macedonian