FUTURE OF HIV/AIDS PREVENTION IN MACEDONIA BEYOND THE GLOBAL FUND Cover Image

КОН ОДРЖЛИВОСТ: ПРЕВЕНЦИЈА И КОНТРОЛА НА ХИВ/СИДА ВО МАКЕДОНИЈА
FUTURE OF HIV/AIDS PREVENTION IN MACEDONIA BEYOND THE GLOBAL FUND

Author(s): Vladimir Mikik
Subject(s): Governance, Welfare systems, EU-Accession / EU-DEvelopment
Published by: Центар за регионални истражувања и соработка Студиорум

Summary/Abstract: ХИВ/СИДА е еден од водечките јавно-здравствени проблеми восветот, 35 милиони лица живееле со ХИВ во 2013 година, најголем делод нив во земјите со низок и среден приход. Во Македонија се бележитренд на зголемување на ХИВ, во 2014 година се регистрирани 42нови случаи на ХИВ/СИДА, што е најголем број досега. Како и вопретходниот период, доцната дијагноза сè уште претставува проблем,40% од случаите во 2014 година имале развиена симптоматологијана СИДА при откривањето. Во моментот, сите ХИВ позитивни лицакоишто ги исполнуваат националните критериуми се поставени наантиретровирусна (АРВ) терапија. Средствата за АРВ терапија сеобезбедуваат преку годишната Програма за заштита на населениетоод ХИВ/СИДА. Најголемиот дел од активностите за превенција наХИВ, намалување на штетите, вклучувајќи го и доброволното сове­тување и тестирање кај популациите изложени на ризик од ХИВ, сеспроведуваат со средства обезбедени од страна на Глобалниот фонд заборба против СИДА, туберкулоза и маларија (GFATM).Во Македонија се имплементира последната фаза од ХИВ проектотна ГФ којашто завршува во 2016 година, како земја со високо-среденприход Македонија веќе не може да аплицира за нови грантови на ГФ.Ако политиките за финансирање на ХИВ програмите останатнепроменети по заминувањето на ГФ, финансирањето на двата столбана превенцијата на ХИВ, АРВ терапија и превентивните активностикај популациите изложени на ризик, ќе биде доведено во прашање.Како последица, Македонија ќе биде изложена на повисок ризик одширење на ХИВ кај популациите изложени на ризик, но и кај општатапопулација исто така, особено ако се земе предвид и нагорниот трендна нови ХИВ инфекции. Навремената инвестиција во превенција енајдобрата стратегија за справување со проблемот на ХИВ

  • Issue Year: 2/2015
  • Issue No: 20
  • Page Range: 217-226
  • Page Count: 10
  • Language: Macedonian
Toggle Accessibility Mode