Bogomil Movement and its Implications Cover Image

Богомилско движење и неговите импликации
Bogomil Movement and its Implications

Author(s): Melanija Šerdenkovska
Subject(s): Christian Theology and Religion
Published by: Блесок

Summary/Abstract: Крајот на IX и почетокот на X век е означен со крупни промени во општествената структура на Македонските Словенски племиња. Во тоа време, територијата на македонските племиња влегува во состав на моќната феудална држава на Бугарскиот цар Симеон (823-927). По завладувањето, за да ја задржи власта, како и заради можноста за побрза и поефикасна експлоатација, и на овој простор е проширена воено-административната поделба, каква што веќе постоела во Бугарското царство. Тоа значело и забрзано распаѓање на родовските општини. Во овој процес била вклучена и црквата, која добивала поседи како подарок од владетелите. Така црквата почнала да станува една од најјаките феудални институции. Како крупен големопоседник, таа застанала на страна на монархијата, во одбрана на вака поставениот општествен поредок. Околностите во кои се нашле Македонските Словени, посебно се влошиле во средината на X век, за време на владеењето на царот Петар (927-969), кога нагло биле зголемени даноците за големиот воено-административен апарат, кога ги завршил своите освојувачки походи. Во едни такви критични историски услови, се појавува силно народно движење, за верско и политичко ослободување - Богомилството. Во основа тоа претставува религиозно учење кое за своја база ги има дуалистичките еретички учења.

  • Issue Year: 2000
  • Issue No: 15
  • Page Count: 8
  • Language: Macedonian