Хуманизам, благородност, доблести… филм?
Humanism, Nobility, Virtues... Film?
Author(s): Petar VolnarovskiSubject(s): Theatre, Dance, Performing Arts
Published by: Блесок
Summary/Abstract: Многу помина, повеќе од еден цел век помина од почетоците на филмот до денес. Филмот, за тој свој животен ВЕК (и кусур) се претвори во многу нешто… Можеби, најнепобитен е фактот дека филмот израсна во еден од најсилните и најдоминантните медиуми во меѓучовечката комуникација, и без сомневање, во еден од најприсутните моменти на денешното човечко живеење. И, можеби досега е зборувано дури и премногу за тоа, и можеби имало и отповеќе дискусии околу тоа што е, или што треба да биде филмот; која е, или која треба да биде неговата улога во човечкиот живот и во општеството општо; можеби. Но, она што ни се случува секојдневно, и тоа толку интензивно и континуирано, бездруго – не само што треба исто толку постојано и интензивно да се следи и обмислува, туку тоа мора да се прави… Без прекин, и без намалување на нашата свесност и будност во тој процес.
Journal: Блесок - литература и други уметности
- Issue Year: 2000
- Issue No: 15
- Page Count: 2
- Language: Macedonian