Biography as a Spiritual Travelogue Cover Image

Животопис како духовен патепис
Biography as a Spiritual Travelogue

Author(s): Sibila Petlevski
Subject(s): Fine Arts / Performing Arts
Published by: Блесок

Summary/Abstract: Желбата, волјата, насилноста, копнежот, брзањето, амбицијата во уметноста - не сум сигурен дека победуваат. Тие особини, сè до една, подлежат на трошење. Уметноста трае. Нејзината повеќеслојност се одместува. Секоја споредба со она што го нарекуваме нормален живот е бесмислена; сево ова било напишано на латиница, на архаичен македонски јазик, со многу ситен ракопис, со графитен молив. Начинот на кој мислата е ставена на хартија, необичниот размер меѓу јазикот и писмото, што упатува на двојна културна припадност, изборот на малите букви што предизвикува напор за окото и обичниот молив, што како да повикува да биде избришан, сите тие навидум споредни материјални елементи испраќаат порака за човекот, за неговиот карактер и за неговата животна приказна. Помеѓу човечката скромност и уметничката самосвест, христијанското мирење и античкиот немир вграден во хибрисот како во идеја за креативно пречекорување на човековата мерка, сликарот Петлевски, и ќе додадам, мојот татко Петлевски - за себе одбра една нималку лесна, но во краен исход спасоносна животна перспектива. Изнаоѓајќи ја уметничката и егзистенцијалната рамнотежа, својот личен златен рез, со мирна душа можеше да изјави: Јас не можам да бидам ниту помалку, ниту повеќе од она што сум. Моето сликарство е мојата судба.

  • Issue Year: 2000
  • Issue No: 15
  • Page Count: 9
  • Language: Macedonian
Toggle Accessibility Mode