На далечната страна на нормалноста
On the Far Side of Normality
Author(s): Péter KrasztevSubject(s): Anthropology
Published by: Блесок
Summary/Abstract: Самото постоење на генерацијата, којашто би сакал да се обидам да ја истражам и претставам, се наоѓа под сомневање. Тоа значи, дека таа постои, но, само во умовите на одреден број индивидуи - членовите на оваа претпоставена генерација - коишто се знаат едни со други, претежно по слушање или, можеби, врз основа на пишувањето на едните за другите. Не е невообичаено генерациите, движењата или трендовите да бидат скицирани или „откриени“ без нивните претставници да успеат да слушнат за тоа, сè до воспоставувањето на тој факт (или, пак, воопшто да не слушнат), - на пример, во својот манифест, американскиот сликар Рон Б. Китај го сомничи секој уметник со „многукратен идентитет“, дека е „дијаспорист“, независно од нивната културна позадина, епоха или самопрогласено здружување. Во ова, што следи, ние ќе зборуваме само за објавените идентитети: за сликата што 9 централно-и источно-европски еврејски креативни интелекти настојуваат да ја изградат околу себе, исто како и митот, што тие се обидуваат да го направат достоен за нивните современици, што значи, за оние, кои се родени во третата генерација после холокаустот.
Journal: Блесок - литература и други уметности
- Issue Year: 1999
- Issue No: 08
- Page Count: 8
- Language: Macedonian