THE MOTIF OF THE CREATION (NATURE) IN THE NOVELS OF MARILYNNE ROBINSON AND THEIR THEOLOGICAL READING THROUGH THE COSMOLOGY OF MAXIMUS THE CONFESSOR Cover Image

Мотивот на созданието (природата) во романите на Мерилин Робинсон и нивното теолошко читање преку космологијата на Максим Исповедник
THE MOTIF OF THE CREATION (NATURE) IN THE NOVELS OF MARILYNNE ROBINSON AND THEIR THEOLOGICAL READING THROUGH THE COSMOLOGY OF MAXIMUS THE CONFESSOR

Author(s): Kostake Milkov
Subject(s): Theory of Literature
Published by: Институт за македонска литература
Keywords: creation; humanity sensible; intelligible; renunciation

Summary/Abstract: Четирите прочуени романи на Мерилин Робинсон се поставени во конкретен религиозен светоглед на традицијата на Реформираната црква како што таа се развивала во САД. Голем дел од нејзиниот тео-лошки дискурс во книгите рефлектира контемплативно, посветено и креативно теолошко толкување чии корени таа ги наоѓа во Калвин. Критичарите не ја превиделе посебната улога која созданието ја игра во тоа толкување, а посебно во светлина на Калвиновото нагласување врз посветувањето и осветеноста. Тоа е карактеристика која била зачувана од неговите наследници применета во животот на поединецот, но не била неопходно проширена и врз општиот создаден поредок. Робинсон го прикажува созданието во една многу поцелосна перспектива согласно со Калвин, а што, според проценката на нејзините книжевни критичари е многу добро препознаена. Некои критичари ја забележуваат паралелата на оваа кракте-ристика со делата на класичната западна духовност, традиција која на Калвин му била добро позната. Во моето читање на Робинсон јас предлагам дека оваа паралела оди уште во подалечното минато на аскетските писатели, а кои биле главно влијание врз идниот развој на западната духовност. Преку чита-њето на разбирањето на созданието на Максим Исповедник, јас нудам увид во изненадувачките паралели со оние на Робинсон. Главниот аргумент на есејот е дека и обата автора можеме да ги читаме како конеч-но афирмативни и за интелигибилното и за сензибилното создание, а кои би биле можните придобивки од таквото читање.

  • Issue Year: 2017
  • Issue No: 16
  • Page Range: 77-83
  • Page Count: 7
  • Language: English
Toggle Accessibility Mode