An empty model and a sad queen Cover Image

Празниот модел и тажната кралица
An empty model and a sad queen

Author(s): Aleksandar Jerkov
Subject(s): Literary Texts
Published by: Блесок

Summary/Abstract: За да се зачне книжевноста, онаква каква што ја познаваме во нашиот цивилизациски круг, но и книжевноста воопшто, мора да се исполнат многу предуслови. Кога за тоа размислуваат, историчарите и теоретичарите на книжевноста, филозофите и естетичарите се склони кон тоа да им придадат големо значење на своите проучувања. Меѓутоа, во светот во кој живееме денес, резултатите од нивното размислување би имале многу помало значење ако со векови не траеше илузијата за неопходноста од таквиот вид мислење. Затоа толкувачите на книжевноста се грижливи чувари на оваа традиција, но крајот на дваесеттиот век ги доведе во мошне тешка позиција. Тие денес личат на некои нови схоластичари: знаењата никогаш не биле толку усовршени, а општествената потреба за нив - никогаш толку мала, ако сè уште постои. На прв поглед, се чини дека сме сè поблиску до вистината на сопствената умешност, уште малку па би можеле да одредиме од кој „пол“ се ангелите на книжевноста - сета среќа што се прекрасни женски души - и колку нежни ангелски тела можат да се довикаат и да се сместат во „врвот“ на еден стих, веќе сме подготвени да утврдиме и детално да опишеме какви се наративните „силогизми“ во кои се гледа мислата на раскажувачот и како се докажува функционирањето на книжевната структура, сè уште одлично расправаме за тоа како се одлучува читателот меѓу два еднакво примамливи „слоја“ на значење, и така натака... Сето тоа се познати, за оваа пригода само малку приспособени мотиви на дамнешната схоластика, па сепак толку убедливо звучат како циничен опис на сознанијата насобрани со толкувањето на книжевноста. Онака како што се гаснеше важноста на схоластиката како стил на мислење така денес изумира еден стил на критичкото мислење за книжевноста. Се гаси едно поколение толкувачи, кое себе и своите задачи ги сметаше за мошне достоинствени, дури и поради тоа што го трасираше патот на сопствениот крај, и се гаси еден вид мислење бидејќи истекува рокот на неговата општествена неопходност.

  • Issue Year: 2000
  • Issue No: 13
  • Page Count: 6
  • Language: Macedonian
Toggle Accessibility Mode