Was Lichenoski Ever In Paris? Cover Image

Бил ли Личеноски во Париз?
Was Lichenoski Ever In Paris?

Author(s): Olivera Kjorveziroska
Subject(s): Literary Texts
Published by: Блесок
Keywords: расказ

Summary/Abstract: Лазар Личеноски никогаш не бил на специјализација во Париз кај Марсел Леноар. Тоа се обични измислици. И сите оние подробности околу наводната изложба на Леноар на чие отворање се појавил и кардиналот Дибоа чијшто прстен го бакнал Личеноски кој, инаку, продавал билети на изложбата, се обична превртеница во нечие поболено сеќавање. За време на изложбата на Леноар што се одржувала од 1 до 31 март 1928 година во неговото ателје на петтиот кат на улицата Notre-Dame des Champs број 86, бездруго се појавил кардиналот Дибоа и неговиот прстен бил бакнуван, ама не од Лазар Личеноски кој во истото тоа време не што не продавал билети, туку се сакалдисувал на сосем десетто место правејќи скици за портретот на госпоѓата Милутиновиќ. Податокот дека на 20 ноември 1927 година, Личеноски тропнал на вратата на Марсел Леноар со замолница да биде примен во неговото ателје, бидејќи имал стипендија за фреско-сликарство, е целосно неоснован, зашто денес со сигурност знаеме оти Личеноски тој ден бил на многу попријатно место и во многу попривлечно друштво… И, што е од исклучителна важност, тој не можел да тропне на вратата на ексцентричниот сликар од проста причина што таа врата е во Париз, а Личеноски никогаш, воопшто, не бил во Париз. А ако не сте биле никогаш во Париз, тоа значи дека никогаш и не сте тропнале.

  • Issue Year: 2000
  • Issue No: 13
  • Page Count: 3
  • Language: Macedonian