Oppositional Cabaret In Nazi Germany Cover Image

Опозиционо кабаре во нацистичка Германија
Oppositional Cabaret In Nazi Germany

Author(s): Günter Berghaus
Subject(s): Theatre, Dance, Performing Arts
Published by: Блесок

Summary/Abstract: Популарноста и успехот на вајмарското кабаре, пред сè, беше базирано врз неговата социјална критика и културно опозиционерство. Најголемиот дел од неговиот репертоар се состоеше од дела и идеи на автори со лева ориентација, кои по Хитлеровото преземање на власта мораа да се определат за егзил спасувајќи ги своите голи животи. По 1933, кабарето во Германија не замре сосем, но, тоа се претвори во една негова забавна, наивно-безопасна верзија, бидејќи единствено на таква и' беше дозволено да се развива, од време на време помешана со елементи на шоу од типот „малку гради, малку задници“. И покрај системот на репресија што беше воспоставен од нацистите, и во политичката и во културната сфера, „џебовите“ на отпорот продолжија да постојат сè до почетокот на Втората светска војна. Еден од најозлогласените нацистички касапи, Јулиус Штрајхер, издаде предупредување: „Ако уште еднаш се случи некој кабаретист да исмева некој политички лидер, локалот ќе го затвориме - врз него. Ќе го елиминирам секој таков големоуст дрзник. Ако повторно слушнам дека некои ги ескивираат правилата кои Фирерот не сака да бидат игнорирани, ќе ги земам на одговорност и последиците ќе бидат сериозни“.

  • Issue Year: 2000
  • Issue No: 13
  • Page Count: 3
  • Language: Macedonian
Toggle Accessibility Mode