Џенет капиџик
The Gate to Heaven
Author(s): Stevo SimskiSubject(s): Literary Texts
Published by: Блесок
Keywords: расказ
Summary/Abstract: Од Св. Врачи до Крстовден Никола Михаил испушташе душа и пред секое зајдисонце беседеше: „Светило за телото е окото. И така, ако твоето око биде чисто и целото твое тело ќе биде светло; ако, пак, твоето око биде алчно, целото тело ќе ти биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш каква ли ќе е темнината?“ Тоа есенско попладне Никола неколкупати ја креваше главата од постелата. Загледан во дворот небаре очекува низ ѕиданата ограда некој да помине. Кога посиве и последната трага на црвенилото од сонцето тој стана од постелата и седна на столчето крај двокрилниот прозорец. - Време им е за јација! - изусти старецот.
Journal: Блесок - литература и други уметности
- Issue Year: 2000
- Issue No: 13
- Page Count: 2
- Language: Macedonian