CLOTHING, FESHION AND FATNESS Cover Image

Облека, мода и дебелина
CLOTHING, FESHION AND FATNESS

Author(s): Alenka Švab, Sabina Spanjol
Subject(s): Theory of Literature
Published by: Институт за македонска литература
Keywords: fatness; fat stigma; fat studies; cultural norm of slenderness; subversion

Summary/Abstract: Овој труд ги презентира резултатите од квалитативната анализа за дебелината и облекувањето, прва во Словенија која се занимава со практиките на облекување и искуствата од стигмата на дебелината од страна на жени што се идентификуваат како дебели. Дебелината е вградена во доминантната културна рамка на „идеалното тело“, така што води кон стиг-матизација на телата што отстапуваат од културниот идеал. Тој процес е резултат на вкрстување на многубројни дискурси, кои се чини дека дејствуваат заеднички. Трудот тргнува од тезата дека дискурзивните рамки влијаат на личниот идентитет на поединецот на сложени начини, фор-мирајќи како последица механизам на стигматизација на дебелите луѓе. Целта на овој труд е да ги анализира манифестациите на овој механизам и стратегиите за справување со стигмата на дебелина. Трудот е структуриран во три главни делови. Првиот дел дава методолошки опис и социодемографска презентација на проблемот. Централното поглавје ги презентира и ги интерпретира резултатите од истражувањето, фокусирајќи се на перцепцијата на дебелината и искуството на стигмата, како и разновидните практики на приспособување на дебелото тело на културните норми на слаботијата (диети, режими на вежбање, облекување). Добиените резул-татите се надополнуваат со поширока дискусија за културните аспекти на дебелината.

  • Issue Year: 2018
  • Issue No: 17
  • Page Range: 89-104
  • Page Count: 16
  • Language: English
Toggle Accessibility Mode