Интернационалната рецепција на творештвото на Јордан Плевнеш
The International Reception of Jordan Plevneš's Work
Author(s): Maja Jakimovska-TošićSubject(s): Theory of Literature
Published by: Институт за македонска литература
Keywords: international reception; Jordan Plevneš; Balkanophile; performance; playwriting style; European framework
Summary/Abstract: Во рефератот ја согледуваме интернационалната рецепција на творештвото на Плевнеш, актуа-лизирана преку двете последни изданија на неговите избрани драми: на француското издание Théâtre choisi/Одбрани драми (2017) во издание на Le temps de cerises во Париз со предговор на Жак Ла Кариер и второто е српското издание (2017), Срећа је нова идеја у Евроpи. Изабране драме/Среќаtа е нова идеја во Евроpа. Одбрани драми, во издание на „Арка“ од Смедерево и со предговор на Боро Драшковиќ. Плевнеш како интернационално осведочен балканофил во творештвото постојано се навраќа кон својата оригинална анализа на историските парадокси на европската идеја низ вековите, што го наведуваат авторот на заклучокот дека наместо евроpеизација на Балканоt можно е да се случи балканизација на Евроpа. Во неговото творештво, во неговите драми постојано се поставува прашањето за сликата за Македонија и Балканот во Европа: дали таа/тој се самоидентификува и се идентификува во синтагмата „крстопат на мртви империи“ или „крстопат на дијалог на цивилизациите“, што може да се согледа како интертекстуален микс на цивилизации, кој историски пројавувал ментален и духовен капацитет за дијалог и кохезија. Во делото на Јордан Плевнеш постојано е присутен лавиринт на историски збиднувања, апсурд на историјата, на нејзината суровост, но со него таа оди многу подалеку отколку во она што би можело да се нарече – театар на апсурдот. Творештвото на авторот Плевнеш ги третира проблемите на светот како комбинација од верски, религиски, културни слоеви и разлики низ една иронија, пронижана со доза на остра критика во однос на колосалните апсурди на светот во кој живееме денес. Притоа, низ призмата/сликата за Македонија/Балканот тој постојано го поставува прашањето за изградбата на релациите, за дијалозите меѓу цивилизациите, за македонските и европските стремежи и погледи за (не)остварувањето на сништата и на утопиите, па уметничката потрага за подобар и похуман свет ќе се доживува како легитимна, потребна и прифатлива во прилог на надградување на човековиот хуманизам.
Journal: Context/Контекст
- Issue Year: 2018
- Issue No: 18
- Page Range: 19-25
- Page Count: 7
- Language: English