ШTO ПЕАТ ПТИЦИТЕ? ЗА ЖИВОТИНСКИОТ ГОВОР ВО ЈУЖНОСЛОВЕНСКИОТ ФОЛКЛОР
WHAT DO BIRDS SING? ON ANIMAL LANGUAGE IN SOUTH SLAVIC FOLKLORE
Author(s): Žmago ŠmitekSubject(s): Cultural history, Customs / Folklore, South Slavic Languages, Philosophy of Language
Published by: Институт за етнологија и антропологија, Универзиетет »Св. Кирил и Методиј«
Keywords: animal language; bird’s language; white snake; south Slavs; ecosystem; folktales;
Summary/Abstract: Современите научни истражувања на екосистемите опфаќаат различни аспекти на гласовноста, вклучувајќи ги и системите за комуникација („јазици“) на одделните животински видови. Современите теоретски и експериментални согледувања за „зборувањето на природа“ повикуваат на редефинирање на основните поими како што се „природа“, „култура“, „говор“, „музика“ итн. Во овој контекст, затоа е важно да се обрне вниманието на интуитивните и практични знаења од традиционалните и архаични култури. Најинтересните и најмалку истражувани се народните традиции за „животинскиот јазик“, „тивкиот јазик“ или за „птичјиот јазик“, кои, наводно, биле познати само на одреден број познавачи, а кои можеле да го отворат патот кон мудроста и успехот за нив. Можеме да пронајдеме фолклорни мотиви на ова свето или магично знаење на народните приказни (на пример, АТУ 670, 671 и 673) со корени во анимистички и шамански животни стилови низ различни делови на евроазискиот континент. Овој труд посебно се фокусира на јужнословенскиот материјал, продолжувајќи го првото истражување направено и претставено во пионерската синтеза на македонскиот етнолог и професор Бранислав Русиќ.
Journal: EthnoAnthropoZoom / ЕтноАнтропоЗум
- Issue Year: 2017
- Issue No: 16
- Page Range: 8-70
- Page Count: 32
- Language: Macedonian