ШТО Е НЕОПХОДНО ЗА ДА СЕ СТАНЕ САМООДРЖЛИВО ДОМАЌИНСТВО НА ПЛАНИНАТА РОДОПИ, БУГАРИЈА
WHAT IT TAKES TO BECOME A SELF-ENTERPRISING HOUSEHOLD IN THE RHODOPE MOUNTAIN, BULGARIA
Author(s): Detelina TochevaSubject(s): Gender Studies, Socio-Economic Research
Published by: Институт за етнологија и антропологија, Универзиетет »Св. Кирил и Методиј«
Keywords: household, commercial home; neoliberalization; Bulgaria; Rhodope; tourism
Summary/Abstract: Дел од трансформациите во руралната Бугарија по падот на социјализмот во 1989 година може да се опишат како имплементација на неолибералните политики, обликувани од општите трендови како што се намалувањето на социјалната држава, воведувањето на пазарите во јавните и приватните сфери и гледиштето дека самопретприемaчките поединци се најдобро опремени да живеат успешен живот во таква средина. Втората карактеристика може да се сумира како моделирање на неолиберална личност. Сепак, студиите од постсоцијалистичките околности покажуваат дека таквата личност е секогаш вкоренета во историјата и во општествените односи. Оваа статија ја продлабочува оваа анализа уште повеќе, посебно осврнувајќи се на доместикацијата на неолиберализацијата во Бугарија, при што семејството, домот и семејната енергија, до одреден степен, станаа пазарни вредности. Таа се базира на етнографски теренски истражувања спроведени од 2009 година во јужниот дел на централниот регион на Родопите. Се следи траекторијата на едно семејство што се обидува да основа семеен хотел со проширување на својата куќа, нудејќи им ја првенствено својата домашно одгледана храна на туристите и искористувајќи ги енергиите на членовите на домаќинството за таа цел. Нивниот обид да добијат парична помош од програмата на Европската Унија не успеал. Како резултат на тоа, тие се нашле многу задолжени и обврзани да работат како мигранти во Обединетото Кралство. Оваа студија на случај покажува како идејата да се постигне пазарна вредност на себеси и на домот ги исполнила одредените локални услови, така што изродила локално негуван идеал за комерцијалниот дом, како и тоа колку е тешко да се оствари овој идеал.
Journal: EthnoAnthropoZoom / ЕтноАнтропоЗум
- Issue Year: 2018
- Issue No: 17
- Page Range: 60-98
- Page Count: 39
- Language: Macedonian