Аспектите на постмодерното раскажување во романите на Лафазановски, Дурацовски и Андоновски
The Aspects of the Postmodern Storytelling in the Novels of Lafazanovski, Duracovski and Andonovski
Author(s): Milan DamjanoskiSubject(s): Language and Literature Studies, Studies of Literature, Macedonian Literature, Theory of Literature
Published by: Vermilion ZIM
Keywords: македонска книжевност; постмодернизам; Лафазановски; Дурацовски; Андоновски
Summary/Abstract: Во овој труд ќе дадеме еден кус осврт на постмодерните аспекти на раскажувањето во делата на три современи македонски писатели Лафазановски, Дурацовски и Андоновски. Преку нив ќе се обидеме да се осврнеме на една тенденција во македонското книжевно творештво во која се инкорпорира и усвојува современите текови на светската книжевна сцена, изразени преку постмодерната теориска и книжевна пракса. При тоа, предмет на анализа ќе бидат романите Опишувач на Ермис Лафазановски, Црни пророци на Димитрие Дурацовски и Фрески и гротески на Венко Андоновски, чии автори со својот современ и бескомпромисен дискурс ја поставија основата врз која можеше да се спроведува понатамошниот развој на македонската книжевност на крајот на 20 век. Со тоа македонската книжевност од тој период ја докажа својата зрелост и подготвеност да го преиспита својот канон преку примената на нови методи и искуства.
Journal: VERMILION International Journal of Literature and Art
- Issue Year: 3/2019
- Issue No: 2
- Page Range: 27-46
- Page Count: 20
- Language: Macedonian