НОВ МЕНАЏМЕНТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ УСЛУГИ – МЕЃУНАРОДНИ ПЕРСПЕКТИВИ
New management of social services - international perspectives
Author(s): Suzana BornarovaSubject(s): Management and complex organizations
Published by: Филозофскиот факултет во Скопје
Keywords: социјални услуги; менаџмент; маркетизација; децентрализација; интеграција; деинституционализација
Summary/Abstract: Системите на социјални услуги бележат значителен развој во изминатите неколку децении на меѓународно ниво. Овој развој е поттикнат од демографските промени поврзани со стареењето на населението, намалувањето на стапките на фертилитет, како и промените во семејната структура и слабеењето на капацитетите на семејството за неформална грижа. Ваквите околности придонесоа кон зголемување на потребата на населението за различни социјални услуги, што бараше соодветен одговор од социјалните држави за да се одговори на овие потреби. Овој труд има за цел да даде краток преглед на овој одговор. Имено, тој ќе се фокусира на основните трендови на меѓународно и европско ниво кои ги применуваат социјалните држави во однос на менаџирањето на системите на социјални услуги, и тоа: резидуализација, маркетизација, децентрализација, интегрирана достава на услуги и деинституционализација.
Journal: Ревија за социјална политика
- Issue Year: 2019
- Issue No: 15
- Page Range: 11-24
- Page Count: 13
- Language: English, Macedonian