СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ: ТЕОРЕТСКИ ПРИСТАПИ, СПОРЕДБЕНИ ИСКУСТВА И СОСТОЈБИ И ПРЕДИЗВИЦИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Social services for persons with disabilities: theoretical approaches, comparative experiences and conditions and challenges in North Macedonia
Author(s): Vlado KrstevskiSubject(s): Civil Society, Welfare services
Published by: Филозофскиот факултет во Скопје
Keywords: social policies; disability; human rights
Summary/Abstract: Новите социјални политики насочени кон лицата со попреченост ја нагласуваат потребата за премин од институционална заштита кон грижа во заедницата, преку социјални услуги и служби кои се придржуваат кон моделот за човекови права во однос на попреченоста. Реформата во секторот на социјални услуги за лицата со попреченост опфаќа промена на парадигмата во однос на попреченоста – од медицински модел и модел заснован на милосрдието кон социјален модел и пристап заснован на човекови права. Еден од специфичните аспекти на секторот за сервисни служби за лица со попреченост е потребата од вистинска рамнотежа меѓу редовните и специјализираните сервисни служби што се обезбедуваат на ниво на заедницата (двоен пристап). Друг предизвик е процесот на деинституционализација преку кој институционалниот системот на грижа, кој првично се стремеше кон заштита на лицата со попреченост преку нивно исклучување од општеството, се трансформира во систем кој се стреми да овозможи учество преку услуги и служби што се обезбедуваат на ниво на заедницата, со почитување на принципите на избор и одлучување. Овој процес е суштински поврзан со развојот на нови видови социјални услуги и служби за лицата со попреченост, обезбедувајќи ланец од постојана поддршка во независното живеење, образованието, рехабилитацијата, вработувањето, мобилноста, слободното време итн. За развојот на овие нови социјални услуги за лицата со попреченост важно е воведувањето на плурализмот во давањето социјални услуги, каде голема улога имаат граѓанските организации. Децентрализацијата на одговорностите во полето на обезбедување социјални услуги е уште еден клучен елемент за реформата, кој опфаќа трансфер на одговорностите, капацитетите и ресурсите од државно ниво до локалните власти. Во Република Северна Македонија, промените кои се неопходни вклучуваат: развој на услуги во заедницата, воведување на нови стандарди за квалитет, следење и развој на услуги во заедницата, зајакнување на капацитетот на работната сила и обука, свесност и застапување, како и учество на корисниците во целиот процес на давање социјални услуги.
Journal: Ревија за социјална политика
- Issue Year: 2019
- Issue No: 15
- Page Range: 103-138
- Page Count: 36
- Language: English, Macedonian