Хибридизација на поезијата и театарот во креативниот свет на Јордан Плевнеш Cover Image

HYBRIDIZATION OF POETRY AND THEATRE IN THE CREATIVE WORLD OF JORDAN PLEVNEŠ
Хибридизација на поезијата и театарот во креативниот свет на Јордан Плевнеш

Author(s): Sonja Stojmenska-Elzeser
Subject(s): Poetry, Theory of Literature, Drama
Published by: Институт за македонска литература
Keywords: Jordan Plevneš; hybridization; poetry; theatre; postmodern drama

Summary/Abstract: Трудот се осврнува врз творештвото на македонскиот современ писател Јордан Плевнеш од аспект на неговите жанровски координати, односно се обидува да ја аргументира испреплетеноста на поетскиот и драмскиот дискурс во неговиот богат творечки опус. За таа цел анализата започнува од препрочитување на неговите две поетски збирки Теорија на отровот и Уби поезија иби патрија, за потоа да ги лоцира пунктовите во драмските остварувања кои кореспондираат со мотиви, слики и стил што се присутни и во неговата поезија. Во фокус на интересот се драмските текстови „Еригон“, „Мацедонише цуштенде“, „Подземна Република“, „Безбог“, „Среќата е нова идеја во Европа“ и „Вечна куќа“. Вообичаено Плевнеш се карактеризира како драмски писател, а се минимизира неговата поезија. Но, во овој труд се доаѓа до сознание дека поетското искуство е иманентно и особено важно за интегралниот креативен свет на Плевнеш, така што и неговите драмски текстови, а и самите театарски претстави создадени врз нивна основа, можат да го носат предзнакот „поетски“.

  • Issue Year: 2020
  • Issue No: 21
  • Page Range: 85-90
  • Page Count: 6
  • Language: English
Toggle Accessibility Mode