Дали денес есејот заслужува внимание од книжевната наука?
Is the Essay Form Deserving the Attention of Literary Study Today?
Author(s): Ivan AntonovskiSubject(s): Studies of Literature, Theory of Literature
Published by: Vermilion ZIM
Keywords: essay; genre; poetics; hybridity;
Summary/Abstract: Поаѓајќи од фактот дека есејот е најмалку истражен жанр, намерата на овој текст е да го реактуализира прашањето за односот на книжевната наука кон есејот. Притоа се инсистира на преиспитување на досегашните одредби за есејот, имајќи предвид дека еволуцијата на жанрот наметнува неопходност од дополнување и коригирање на одредбите со нови согледувања за поетиката на есеистичкиот текст. Истовремено се отвора и прашањето за есејот како жанр на нашето време, со обид да се детерминираат причините за неговата доминантност во актуелниот културен контекст. Одделно се коментираат и досегашните настојувања на македонската книжевна критика за опсервирање на есеите од македонските автори, при што текстот упатува кон констатацијата за неминовно потемелно критичко-валозиризачко исчитување на македонското есеистичко творештво. Во текстот се застапува и тезата дека есејот може да биде и метажанр, односно над-жанр, а дека таквата поетичка комплексност на есеистичкиот текст треба и може да биде и дополнителен предизвик за книжевната наука.
Journal: VERMILION International Journal of Literature and Art
- Issue Year: 4/2020
- Issue No: 1
- Page Range: 12-29
- Page Count: 18
- Language: Macedonian