Македонските жени: борбите на Граѓанската војна во Грција и 70 години од нејзиното завршување
Macedonian Women: the Struggles of the Greek Civil War and 70 Years of Its Ending
Author(s): Stefani Taskova MitevaSubject(s): Gender Studies, Social history, Recent History (1900 till today), Post-War period (1950 - 1989)
Published by: Институт за национална историја
Keywords: Macedonian women;Greek Civil War;refugee children;Aegean Macedonia;struggle;feminism;
Summary/Abstract: Раселувањето на Македонците од Егејска Македонија и на децата бе- галци заедно со македонската борба за самоопределување и за човекови права, во суштина, ја опфаќа и борбата на жената. Овој текст го поставува прашањето за тоа каде биле жените, користејќи феминистичка перспектива за да ги анализира борбите и маките на македонските жени за време на Грчката граѓанска војна и во текот на седумдесетте години од нејзиното завршување. Жените имале важни улоги во рамките на државата и во воениот период, но сепак тоа честопати било заборавано. Овој текст, исто така, се задржува и на тековните меѓугенерациски последици од Грчката граѓанска војна кои стануваат видливи по раселувањето во дијаспората. Затоа феминистичката литература и теорија предлага да се преиспитаат традиционалните сфаќања за жената, нацијата, војната и за нивното влијани врз генерациите. Со анализа на интервјуата и на искуствата на македонските жени, овој текст се обидува да ја прошири академската свест за жените во време на војна и на конфликт со цел да се покаже една поинаква страна на Грчката граѓанска војна и 70 години по нејзиното завршување, како и со надеж дека ќе им даде на македонските жени платформа за нивниот глас.
Journal: Гласник
- Issue Year: 64/2020
- Issue No: 2
- Page Range: 65-80
- Page Count: 16
- Language: English