ON THE REACTIONS TO THE NOVEL THE EIGHT WONDER OF THE WORLD – INTERNATIONAL ECHO Cover Image

За одгласите на романот Осмото светско чудо – интернационално ехо
ON THE REACTIONS TO THE NOVEL THE EIGHT WONDER OF THE WORLD – INTERNATIONAL ECHO

Author(s): Maja Jakimovska-Tošić
Subject(s): Theory of Literature
Published by: Институт за македонска литература
Keywords: novel; The Eighth Wonder of the World; contemporary Macedonian literature; utopia of humanism; international echo

Summary/Abstract: Во проследувањето на интернационалните одгласи на романот Осмото светско чудо од Јордан Плевнеш, значајни се два момента. Првиот се состои во презентираните согледби, мислења и заклучоци од еминентни книжевни критичари, литерати, универзитетски професори и преведувачи, учесници на двата меѓународни симпозиуми посветени на самиот роман. Првиот симпозиум е организиран на Универзитетот Сорбона во Париз (26.6.2006), а по повод француското издание на романот. Вториот симпозиум беше одржан на 20-21.11 2009 година, во организација на Институтот за македонска литература и на Универзитетот ЕСРА во Скопје под наслов: „Романот Осмото светско чудо од Јордан Плевнеш низ призмата од дваесетгодишнината од паѓањето на Берлинскиот ѕид“. Вториот (момент) го согледуваме во рецепцијата на романот во културните средини во кои тој е преведен. Овие одгласи ги следиме во библиофилското издание посветено на романот Осмото светско чудо (Скопје, 2012), интересно со својата компактност во изборот на текстовите и надополнување на содржините. Внатре е поместен самиот роман на авторот Јордан Плевнеш – Осмото светско чудо, придружен со избор од текстовите од двата меѓународни симпозиуми посветени на самиот роман, и збогатен со уште една значајна содржина – ДВД од истоимената претстава во изведба на Народниот театар од Битола во режија на Владо Цветановски.

  • Issue Year: 2015
  • Issue No: 13
  • Page Range: 15-21
  • Page Count: 7
  • Language: English
Toggle Accessibility Mode