Социјалните ефекти на популарната култура: медијација и креација на националните граници
SOCIAL EFFECTS OF POPULAR LITERATURE: MEDIATION AND CREATION OF NATIONAL BORDER
Author(s): Maruša PušnikSubject(s): Theory of Literature
Published by: Институт за македонска литература
Keywords: popular literature; nationalism; meaning construction; power techniques; аesthetics; pleasure; ideology
Summary/Abstract: Книжевноста има реални социјални ефекти и се вклучува во идеолошкото создавање на националните граници. Овој труд преиспитува како во литературните текстови се гради граница меѓу австриските/германските и словенечките национални заедници во пограничната област Корушка во Австрија, во која живее словенечко етничко малцинство. Авторката спроведува критичка анализа на дискурсите на книжевните репрезентации на националните односи кај Словенците од Корушка и открива дека литературата е место на политичка борба, на кое се создава границата помеѓу Словенија и Австрија. Овие семиотички богати книжевни текстови како културни форми ги носат значењата на националните заедници и така ги материјализираат националните граници, бидејќи ги воведуваат во секојдневниот живот и говор. Тие дејствуваат како слики во кои луѓето се препознаваат како национални субјекти од едната или од другата страна на симболичката граница. На тој начин книжевните текстови може да ја обликуваат перцепцијата на националната стварност, затоа што го претвораат национализмот во добра приказна и со тоа ја сокриваат идеолошката димензија на текстовите и нивната улога во исцртувањето на националните граници.
Journal: Context/Контекст
- Issue Year: 2015
- Issue No: 13
- Page Range: 39-58
- Page Count: 20
- Language: English