За смртта на југословенскиот мит преку деконструкција на една држава(македонско искуство)
ON THE DEMISE OF THE YUGOSLAVIAN MYTH THROUGH THE DECONSTRUCTION OF A STATE (a Macedonian Experience)
Author(s): Vesna Mojsova-ČepiševskaSubject(s): Comparative Linguistics, Theory of Literature
Published by: Институт за македонска литература
Keywords: Yugoslavian myth; deconstruction; nation-narration
Summary/Abstract: Пајо Авировиќ во својот роман Џахиз и истребувачите на кучиња (Скопје: Детска радост, 2005) успева низ една лежерна, непретенциозна постапка да зборува отворено за апсурдноста на балканските судири и за југословенските човечки несреќи. Оваа негова проза манифестира едно сентиментално „движење“ на внатрешниот егзил во деконструкцијата на една земја, т.е. на Југославија, при што го поставува и прашањето за оправданоста на постоењето на југословенската нација, тргнувајќи од сведоштвото на самата историја кое на нациите гледа како на соништа пред нивното историско и географско означување како нации. Златко Крамариќ, отворено во својот текст Нацијата: текст или сон, го поставува прашањето: дали е можно, во случајот со македонската нација, да се сведе „комунизмот“ и особено „југословенизмот“ на „стил“, поточно на онаа специфична форма на самопрезентација во која македонската заедница ја препознава сопствената, а со самото тоа и единствената самопрезентација (Kramarić, 2009: 159). Зашто токму тој „комунизам“/„југословенизам“ како „стил“ се изродил од реалната потреба на македонскиот народ да даде соодветен одговор на конститутивниот сон на секоја нација да биде слободна, од една страна, но и од потребата за некое братство сфатено како центар на канонскиот модел на заедништвото во западната култура и како фигура која игра пресудна улога во дефинирањето на политичките заедници во текот на целокупната западноевропска историја (Kramarić, 2009: 172), од друга. Впрочем ако повеќето, особено современи автори ја сфаќаат нацијата како релативно нов општествен феномен, тогаш е потполно бесмислено да се говори за стари и нови нации, бидејќи таа не е биолошки туку општествен феномен. Зашто нацијата не е само политичка туку и културна заедница, таа не е прашање на биологијата и географијата, туку на срцето и умот. Таа се создава како нарација, како грижливо/прецизно прераскажана идеја која го негува сонот на една митоисториска форма, апстрактна како поим, но премногу конкретна како историска сила (S. Gurguris).
Journal: Context/Контекст
- Issue Year: 2011
- Issue No: 9
- Page Range: 31-39
- Page Count: 9
- Language: English