GENDER AND ARCHETYPES IN DRAMA Cover Image

Родот и архетипот во драмата
GENDER AND ARCHETYPES IN DRAMA

Author(s): Nataša Avramovska
Subject(s): Literary Texts, Theory of Literature, Drama
Published by: Институт за македонска литература
Keywords: mythic images; Earth Mother; fammе fatalе; son-eunuch; drama; uroborical play's setting; dramatic action; dramatis personaе-apotropaioi; "family scenario" of sexuality; intertextuality

Summary/Abstract: Драмските текстови на Теки Дервиши, Брегот на жалоста, и на Гоце Смилевски, Разговор со Спиноза (циркуска претстава во пет точки), ги поврзува речиси идентично драмско дејство кое го исцртува кругот на бесконечната еднотност во телото на уроборос: големата змија која ја голта сопствената опашка. Станува збор за драмско дејство кое го исцртува кругот на нераскинливата врска меѓу утробата на мајката и плотта на нејзиниот син. Линијата на кругот ја означува бесконечноста на преобразбите на плотта, еротиката, сексот, ја потцртува нивната еднотна сушност со сепронижувачкото и сеопфатно тело на мајката, која воедно се јавува и како апотропаион (во магиска, заштитна функција) – лик поставен пред портите на драмскиот свет: на влезот и на излезот од него. На влезот/излезот на самото бидување: во процепот меѓу животот и смртта. На двете драми, во нивниот интертекстуален и интеркултурен дијалог, што се однесува до прашањето за родот и архетипот, им е заедничко нагласувањето на архетипски значајниот аспект на човечката, од мајка родената, телесност и плотност. Во драмата на Смилевски првенствено е поставена темата на сексуалноста односно изведен е дијалогот на светот на сексуалноста и филозофијата на Спиноза кој се разрешува врз почвата на архетипските слики. Во драмата на Дервиши, напротив, сексуалноста е постојано во сенката на архетипскиот лик на Мајката и нејзините многубројни митски појави. Она што е пресудно како основа за споредба на двете дела од аспектот на родот и архетипот е „семејното сценарио“ на сексуалноста што тие го загатнуваат.

  • Issue Year: 2011
  • Issue No: 9
  • Page Range: 41-56
  • Page Count: 16
  • Language: English