Град, политика, економија, култура...
CITY, POLITICS, ECONOMICS, CULTURE…
Author(s): Olgica KlepačSubject(s): Economic policy, Sociology of Culture, Sociology of Politics
Published by: Институт за македонска литература
Keywords: urban politics; globalization discourse; transnationalism; political economy; development/sustainable development/cultural sustainable development; socio-cultural capital; creative capital
Summary/Abstract: Текстот го истакнува градот како феномен на радикализирана модерност и укажува на потребата од негово интердисциплинарно проучување. Глобализацијата и транснационалните процеси го прават градот комплексен јазол кој има се поголемо економско и политичко значење, провокативно за истражувањата од аспект на политичката економија, која во голема мерка е втопена во глобализацискиот дискурс. Соочен со проблемите и промените под влијание на процесите на дерегулација, децентрализација и приватизација, градот се јавува како важно место на економскиот, политичкиот и културниот развој. Разбирањето на овие прашања бара контекстуализација. Избегнувајќи ги претераните генерализации и прекрутите дихотомии, локалната/урбана политика покажува извесни потенцијали карактеристични за мрежните локално/глобални конекции кои во комбинација со мноштвото актери на урбаната политика можат да донесат иновативни промени. Од таква перспектива, се поставува прашањето за улогата на културата во овој контекст: културните елементи се повеќе се појавуваат како алатка на политичката економија, но исто така и како израз на отпор, и што е најважно, како дел од развојните проекти на локалитетите. Конечно, се чини дека сите проблеми на квалитетот на животот во градот (или барањата за имање право на градот) завршуваат во културен конфликт, кадешто урбаното место добива најјасен израз и со тоа се појавува и како место на трансформација на политиката.
Journal: Context/Контекст
- Issue Year: 2011
- Issue No: 9
- Page Range: 221-232
- Page Count: 12
- Language: English