СУДСТВОТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА НЕЗАВИСНОСТА
THE JUDICIARY IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA IN THE ARMS OF INDEPENDENCE
Author(s): Lidija Nedelkova
Subject(s): Law, Constitution, Jurisprudence, Constitutional Law
Published by: Makedonska akademija na naukite i umetnostite
Keywords: judicial authority; independent judiciary; independence
Summary/Abstract: Независност, воопшто како поим е состојба во која самостојно се донесуваат одлуки, без разлика за каков вид на независност се работи (лична или институционална). Судска независност е концепт согласно кој судската власт се врши ослободена од надворешни влијанија од страна на носителите на законодавната и извршна власт или од странките во постапката и други субјекти и приватни лица. Независноста има свои составни елементи (принципи) според кои истата треба да се практикува. Во овој контекст независноста значи постапување согласно интернационално прифатени принципи на совесност, непристрасност, интегритет, пристојност, еднаквост и стручност, а сето ова во рамките на уставните и законски решенија. Независно и непристрасно судство претставува еден од фундаменталните столбови на владеење на правото, а со тоа и на секоја функционална демократија. Во овој контекст независноста на судството во Република Македонија е регулирана на највисоко ниво, со Уставот на Република Македонија. Независноста на судството мора да се одржува, но и унапредува. Одговорот на појавите кои ја нарушуваат независноста, треба да биде жесток и бескомпромисен. Имено, независноста на судството е мултидимензионална парадигма која треба да се осовремени и унапреди токму преку предизвиците кои ја тестираат. Моќта на судската власт и интензитетот на независноста се појаки кога судиите настапуваат заеднички и единствено, како платформа која ќе биде чувар на демократијата и владеењето на правото. Разбирањето на независноста на судството е од круцијално значење за практикување на истата, како во нејзиниот обем така и во нејзината суштина. Прегратката на независноста е широка, топла и удобна и токму тука е предизвикот на правилното сфаќање и примена на принципите на истата.
Book: Societas et Scientia, Зборник на Охридската школа на природното право 2017 година
- Page Range: 183-195
- Page Count: 13
- Publication Year: 2018
- Language: Macedonian
- Content File-PDF