ДЕЛА ОД ОМРАЗА, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ КОН ГОВОР НА ОМРАЗА И КАЗНИВОСТ НА ГОВОРОТ НА ОМРАЗА
HATE CRIMES, WITH A SPECIAL REVIEW TO THE HATE SPEECH AND THE PENALTY OF HATE SPEECH
Author(s): Ebru Ibish
Subject(s): Law, Constitution, Jurisprudence
Published by: Makedonska akademija na naukite i umetnostite
Keywords: hate crime; hate speech; discrimination; international documents; freedom of expression
Summary/Abstract: Предрасудите, расизмот, ксенофобијата, непријателството, пристрасноста, дискриминацијата и хомофобијата го сочинуваат темелот на говорот на омраза. Крајната фаза на говорот на омраза поточно побудувањето на дискриминаторско насилство, е почетната фаза на криминалот од омраза, а оттука загрижува фактот што најчесто како сторители на криминалот од омраза се јавуваат млади лица од 16 до 21 година. Во однос на појавата на говорот на омраза влијаеле два процеса, првиот се јавува во Европа со појава на фашизмот и националсоцијализмот, а вториот во САД под силно влијание на расизмот и дискриминацијата. Таму каде што завршува слободата на изразување, започнува говорот на омраза. Постојат безброј дефиниции околу говорот на омраза во правната доктрина, документите на СЕ и слично, но за жал сè уште немаме општоприфатлива дефиниција за истата, па можеме да констатираме дека говорот на омраза ги опфаќа изјавите кои се насочени спрема определени индивидуи или групи кои најчесто се состојат во заплашување, вознемирување и навредување со повикување на омраза, насилство и дискриминација врз основа на сексуална ориентација, раса, пол и вера. Меѓународните документи како што се: Европската конвенција за човекови права; Европската повелба за човекови права; Универзалната декларација за човекови права; Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и останати меѓународни документи, а воедно и националната регулатива се од клучно значење за заштита и превенција на говор од омраза и криминал од омраза.
Book: Societas et Scientia, Зборник на Охридската школа на природното право 2017 година
- Page Range: 197-211
- Page Count: 15
- Publication Year: 2018
- Language: Macedonian
- Content File-PDF