IMPLEMENTATION OF THE RIGHT TO HEALTH CARE AS A GUARANTEE FOR RESPECT FOR HUMAN RIGHTS OF DRUG ADDICTED PEOPLE IN DEMOCRATIC SOCIETIES Cover Image

ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВОТО НА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА КАКО ГАРАНЦИЈА ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА НА ЛИЦАТА ЗАВИСНИ ОД ДРОГИ ВО ДЕМОКРАТСКИТЕ ОПШТЕСТВА
IMPLEMENTATION OF THE RIGHT TO HEALTH CARE AS A GUARANTEE FOR RESPECT FOR HUMAN RIGHTS OF DRUG ADDICTED PEOPLE IN DEMOCRATIC SOCIETIES

Author(s): Sofka Hadžijevska
Subject(s): Human Rights and Humanitarian Law, Substance abuse and addiction, Health and medicine and law, Sociology of Law, Labour and Social Security Law
Published by: Makedonska akademija na naukite i umetnostite
Keywords: drug addiction; drug addicts; human freedoms and rights; health care
Summary/Abstract: Зависноста од дроги како општествен феномен постои уште многу одамна и е неодминлив процес од развојот на секое општество. Со оглед на штетните последици кои се јавуваат како резултат на користењето на дроги, зависноста од дроги речиси секогаш претставува негативна појава која го разорува не само поединецот туку и целокупното општество. Давајќи ѝ негативен предзнак на оваа општествена појава, на лицата кои користат дроги или на лицата кај кои е веќе развиена зависноста од дроги исто така се гледа како на непосакувани лица, отфрлени од општеството. Според тоа, иако гарантирањето и почитувањето на човековите слободи и права претставува темелна вредност на секое демократско општество и воопшто на градењето и функционирањето на демократските држави, лицата зависни од дроги најчесто се ограничени во остварувањето на своите права токму поради негативниот став на општеството кон нив. Со други зборови овие лица влегуваат во една од најмаргинализираните категории на лица, кои се соочуваат со социјална исклученост предизвикана од постоењето на предрасудите, стереотипите и високиот степен на дискриминација и стигматизација од страна на општеството. Иако голем дел од државите преземаат разновидни институционални мерки и активности за надминување на овој проблем, водејќи полиберални политики за дроги со цел да се подигне свеста на населението за овој секојдневен феномен, сепак фактот дека лицата зависни од дроги се ограничени во остварувањето на своите права, останува карактеристика на демократското општество. Не земајќи го предвид нарушувањето на личниот интегритет и достоинство на лицата зависни од дроги поради дискриминирачкиот однос од севкупното население, а во голем дел и од државниот апарат, овие лица првенствено имаат потреба од остварување на правото на здравствена заштита токму поради последиците кои користењето на дроги ги предиз- викува по здравјето на поединците од една страна и потребата од третман и лекување на зависноста од дроги од друга страна. Според тоа, остварувањето на правото на здравствена заштита од страна на државата, на -- лицата зависни од дроги не само што ќе им овозможи достоинствен и квалитетен живот, туку ќе придонесе и кон намалувањето на зависноста од дроги како масовна општествена појава.

  • Page Range: 223-240
  • Page Count: 18
  • Publication Year: 2018
  • Language: Macedonian
Toggle Accessibility Mode