Неандерталско свирче
The Neanderthal's Whistle
Author(s): Rastko MočnikSubject(s): Anthropology
Published by: Блесок
Summary/Abstract: Додека Идеолозите повторно проповедаат дека Историјата заврши, повторниот поглед кон нејзините почетоци би можел да се покаже корисен. Свирчето што беше пронајдено кај праисторискиот (екскавација) локалитет близу до Идрија не го привлече вниманието што вистински го заслужува. Ако тоа навистина е свирче и ако навистина му припаѓало на Неандeрталец, ова откритие поседува метафизички димензии. Ова се разбира зависи од тоа која Метафизика ќе се одлучиме да ја употребиме. После Диркем стана познато дека преку тотемизмот, религијата и метафизиката ние всушност сакаме да ги уредиме нашите општествени функции, па затоа никој не би требало да бара вистина и лага во метафизичките расправи. Наместо тоа, нашето внимание би требало да се фокусира на нивните практични ефекти. Ако не ги произведеме, другите ќе ги испробаат врз нас.
Journal: Блесок - литература и други уметности
- Issue Year: 1999
- Issue No: 09
- Page Count: 2
- Language: Macedonian