Приказни за „православната нација“ и „македонската вера“. Велигден кај Македонците во Порече во однос на промените на политичкиот режим, етничките и социјалните промени во Република Македонија
Tales of the ‘orthodox nation’ and ‘macedonian faith’. Easter at Macedonians in Poreche in scope of regime, ethnic and social changes in the Republic of Macedonia
Author(s): Mirella MakuratSubject(s): Anthropology
Published by: Институт за етнологија и антропологија, Универзиетет »Св. Кирил и Методиј«
Keywords: Велигден; религија; православно христијанство; раскажување приказни; изведба; македонски идентитет.
Summary/Abstract: Овој текст се базира на моето теренско истражување во Порече (Репу-блика Македонија) во 2010, 2011, 2013 и 2014 година. Моето истражување се од-несува на значењето на велигденските празнувања за локалната заедница во Маке-донски Брод во посткомунистичката трансформација на Македонија и за време натранзицијата од југословенска во независна држава. Во тој тежок транзициски пе-риод и под реална закана за македонскиот субјективитет, редовните собири, обре-дите, разговорите, раскажувањето приказни и заедничката забава го зајакнуваа ло-калниот идентитет. Овие елементи ја интегрираат заедницата и ги намалуваат гри-жите на луѓето за нивната иднина и за нивната држава. Во овој случај религија-та е „кодот на значењата“ и таа ја гради општествената кохезија. Таа исто така гопретставува „сеќавањето“ за локалната заедница и за нацијата (види кај HarvieuLeger).Обредите и другите симболички практики за време на Светлата седмица(како на пример собирите, процесиите, играта кули итн.) се дел од општествени-те изведби преку кои жителите на Македонски Брод се сеќаваат, го пресоздаваат, гопретставуваат и го играат (изведуваат) сопствениот идентитет и знаењето за мина-тото на заедницата. Националните и локалните идентитети се создаваат врз база нахристијанската религија, територијата на градот или на регионот, македонскиот ја-зик (особено локалниот дијалект) и разни други специфични навики и обичаи. Залокалното население христијанството не е само религија туку е и национален иден-титет („нашата македонска религија“, „нашата православна христијанска нација“).Текстот се однесува на симболичките практики повторувани низ годините за времена Велигден од страна на Македонците во Македонски Брод во Порече. Тие прак-тики покажуваат на кој начин овој прзаник ја одржува целата заедница, нејзиниотидентитет и територија и на кој начин го вметнува симболичкиот ред во секојднев-ниот живот на луѓето.
Journal: EthnoAnthropoZoom / ЕтноАнтропоЗум
- Issue Year: 2015
- Issue No: 14
- Page Range: 56-96
- Page Count: 21
- Language: English, Macedonian