СПРЕМНИ ЗА ПРИДРУЖУВАЊЕ? СТУДИЈА ЗА ЕВРО-ЕНТУЗИЈАЗМОТ ВО СРБИЈА И ВО ЦРНА ГОРА
EAGER TO JOIN? A STUDY OF EURO-ENTHUSIASM IN SERBIA AND MONTENEGRO
Author(s): Dimitar NikolovskiSubject(s): Politics / Political Sciences
Published by: Центар за регионални истражувања и соработка Студиорум
Keywords: Србија; Црна Гора; ЕУ; членство во ЕУ; евро-ентузијазам
Summary/Abstract: Оваа студија ги споредува односите на Србија и на Црна Гора кон ЕУ, со посебен акцент на поддршката од нивните граѓаните за членство во ЕУ. Двете држави се разликуваат во однос на евро-ентузијазмот на нивните граѓани: додека поддршката за членство во ЕУ се намалува во Србија, ситуацијата е спротивна во Црна Гора. Евро-ентузијазмот е анализиран преку три фактори што влијаат на него: обемот на развиеност на демократијата (испитан преку неколку показатели како управување, корупција, цивилно општество итн.), реториката и ставовите на локалните политичари, и влијанието на барањата специфични за државата од страна на ЕУ. Студијата покажува дека, иако двете држави покажуваат напредок во демократските капацитети како дел од нивните процеси за приближување, условите специфични за државата што се наметнати од ЕУ и интерпретацијата и реакцијата на истите од локалните политичари ги оформуваат ставовите на јавноста. Како резултат на ова, студијата покажува дека прашања како соработката со Меѓународниот кривичен суд во Хаг и независноста на Косово предизвикуваат намалување на позитивните ставови на српските граѓани кон ЕУ.
Journal: ЕВРОДИЈАЛОГ Списание за европски прашања
- Issue Year: 2011
- Issue No: 15
- Page Range: 81-103
- Page Count: 21
- Language: Macedonian