Byzantine Diplomacy and Samuel’s State
Byzantine Diplomacy and Samuel’s State
Author(s): Dragan ǴalevskiSubject(s): Diplomatic history, Political history, 6th to 12th Centuries
Published by: Институт за национална историја
Summary/Abstract: Византиската дипломатија за време на конфликтот со Самоиловата држава била употребена тогаш кога не постоела воена опција со која Византија би им се спротивставила на агресивните намери на нејзините владетели, но и кога имало можност зацртаната цел да биде остварена на ваков начин. Понекогаш таа целосно ги заменувала византиските воени активности на теренот. Средствата и методите што биле употребени биле во целосна согласност со утврдените норми запишани во текстовите што се однесуваат на или инцидентно известуваат за овој аспект на византиската политика. Освен во почетната деценија од конфликтот, кога непријателот бил политички непознат, византиската власт се обидела преку директни преговори и од позиција на супериорност веднаш да ја реши ситуацијата на Балканот. Во преостанатиот период дипломатската активност на Василиј II кон Самоиловата држава била прагматична, обликувана според можностите, но и моменталните потреби на теренот, како и од сознанието за нејзината ограниченост, знаење стекнато преку искуството добиено од почетните контакти со Самоил. Поради силните карактери на владетелите на Самоиловата држава и нивната решителност да не му се потчинат на Василиј II, византиската дипломатија имала ограничен успех во запирањето на непријателствата. Затоа биле потребни значителни воени напори за конечно да се заврши конфликтот и да се постигне целта–воспоставување на византиска хегемонија на Балканот.
Journal: Гласник
- Issue Year: 61/2017
- Issue No: 1
- Page Range: 59-71
- Page Count: 13
- Language: English